ФИФА предложи Светското фудбалско првенство во Катар во 2022 да се игра во јануари или ноември
Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) излезе со предлог Светското фудбалско првенство во Катар во 2022 година да се игра во јануари или во ноември, наместо во предвидениот летен термин.
Извршниот комитет на ФИФА денеска ја одржа првата работна средба која треба да изнајде решение за терминот за одигрување на натпреварите на Мундијалот во Катар кој треба да се игра во јуни и јули 2022 година.
Предлогот на ФИФА е Светското првенство да се игра во јануари и февруари или алтернативно во ноември и декември 2022 година.
Извршниот комитет на ФИФА ќе одржи нова средба во ноември годинава, на која очекува сите засегнати да се произнесат како новиот предлог би влијаел на натпреварите во домицилните првенства.
Конечната одлука ФИФА ќе ја донесе во февруари следната 2015 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа