Се будиме во магла - попладне пак дожд

Во Македонија во утринските часови ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Попладне нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици ќе има во северозападните, западните, југозападните како и во крајните источни и североисточни предели. Ќе дува јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува југозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од 8°C до 17°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 20°C односно до 30°C. УВ индекс 4, пишува специјализираниот портал за временска прогноза Weather4All.

Во Скопје во среда ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со услови за врнежи од дожд. Ќе дува југоисточен ветер. Утринската температура од 14°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 27°C. УВ индекс 4

Во четврток во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Попладне нестабилно со врнежи од дож ди грмотевици ќе биде во северозападните, западните и југозападните предели. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Утринските температури од 9°C до 18°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 21°C до 31°C. УВ индекс 5.

Во петок во утринските часови услови за појава на магла ќе има само во западните предели. Во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Попладне нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици ќе биде во северозападните, западните, југозападните и понекаде во јужните предели. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Утринската температура ќе се движи од 11°C до 20°C, а максималните дневни температури од 20°C до 30°C. УВ индекс 5.

09.09.2014 - 21:45
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега