Почнува втората фаза на Светското првенство во одбојка
По двата слободни дена денеска ќе продолжат натпреварите на Светското првенство во одбојка што се одржува во Полска. Во втората фаза ќе играат 16 репрезентации поделени во две групи, со тоа што резултатите од првата фаза со селекции од иста група се префрлуваат во новите групи.
Во рамките на новоформираната Е група играат: Аргентина – Франција, Србија – Италија, Полска – САД и Австралија – Иран.
Табела Е група: Полска 9 бодови, Франција 7, Србија 6, Иран 5, САД 4, Аргентина 3, Италија 2, Австралија 0.
Во Ф групата на програмата се дуелите: Бразил – Бугарија, Финска – Русија, Германија – Кина, Куба – Канада.
Табела Ф група: Бразил 9, Русија 8, Германија 6, Канада 5, Бугарија 5, Финска 2, Куба 1, Кина 0.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа