Виничкото кале ќе биде разубавено со нови светилки

Пред една година Општина Виница реализираше меѓуграничен прокет за инфраструктурно уредување на Виничкото кале, при што беа искористени средства од Европските фоднови. Се поставија светилки, канделабри и се уредија пристапните патеки до Калето и за неполна година осветлувањето на Калето беше целосно уништено, со што е направена голема материјална штета.

- Соочувајки се со состојбата на Виничкото кале, превзедовме акција за целосна реконструкција на осветлувањето, поставувајки нови светилки и видео надзор. Со ова целосно  го заштитивме  објектот од вандалско однесување на неканети посетители, изјави градоначалник на општина Виница Емил Дончев.

Во новиот објект на Мултукултурниот центар во Виница е сместен системот за видео надзор преку кој постојано ќе се следи состојбата со овој значаен споменик на културата. 

10.09.2014 - 11:10
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега