Вучиќ и Ли договорија Самит во Белград

Премиерот на Србија Александар Вучиќ со неговиот кинески колега Ли Кечијанг договори одржување Самит на 16 лидери од земјите од Централна и Источна Европа во Белград, како и негова посета на српскиот главен град во декември кога заедно ќе го отворат мостот Земун-Борча.

Toa ќе биде тоа прва посета на кинески премиер на Белград после речиси 30 години, јавува српската новинска агенција Танјуг.

- Тоа е голема работа за Србија. Првпат после 1986 година доаѓа кинески премиер во Белград, но доаѓаат уште 16 премиери од Центална и Источна Европа во нашиот главен град. Мислам дека најмалку 35 - 40 години немало таков собир на територија на Србија, изјави Вучиќ после состанокот со Ли.

На средбата било договорено во декември двајцата премиери, заедно со унгарскиот колега Виктор Орбан да потпишат договор за изградба на брза пруга Белград- Будимпешта. Вучиќ во изјавата пред новинарите истакна дека Ли му пренел оти неодамна разговарал со грчкиот премиер Андонис Самарас и оти се договориле пругата Будимпешта - Белград да се спои со Солун, истакнувајќи дека тоа за Србија би претставувало најголем инфраструктурен проект.

10.09.2014 - 12:02
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега