ЕДС: Нудиме услови кои се најдобри за компаните
„Ги повикуваме сите компании да одлучат кој ќе ги снабдува со електрична енергија бидејќи тоа е од нивен интерес. Изборот треба да се направи до 15 ноември оваа година. Ако не направат избор ќе бидат снабдувани во краен случај што значи ќе плаќаат поскапо од сегашната цена. Нашиот процес на давање на понуди е целосно транспарентен и секој што ќе побара понуда ќе види точно колку заштедува. Ние немаме скриени клаузули во договорот, тоа што компаниите го потпишуваат со нас, тоа и во реалност го добиваат. Затоа и досега 64% од нив ни дадоа комплетна доверба и задоволни се од промените, добиваат поевтина цена и целосна услуга од наша страна“, изјавија од ЕДС.
ЕДС има најдобри понуди за компаниите затоа што само оваа компанија може да гарантира стабилна ниска цена на електричната енергија за целиот рок на траење на договорот, велат од компанијата.
„Тој што поседува најголема балансна група на пазарот на електрична енергија, во случајов ЕДС со 64% удел, може да понуди услови кои се најдобри за компаниите. Тоа значи дека секој клиент на ЕДС ќе има загарантирана цена за времетраењето на договорот. Цените во просек се 40% пониски од сегашните и оваа намалување следи по падот на монополот за продажба на електрична енергија и влезот на ЕДС на пазарот со услови и цени кои се сега реални за индустријата“, изјави Кочо Анѓушев од ЕДС.
Од компанијата објаснуваат дека со менување на снабдувачот со електрична енергија, кај корисникот нема да има какви било промени, ниту во техничка ниту во кадровска поставеност на компанијата. Броилата, каблите и приклучоците остануваат исти, а од страна на ЕДС има комплетно прилагодување на новиот систем без никакви дополнителни трошоци. Тимот на ЕДС ќе прави индивидуални понуди за секоја компанија со што ќе им овозможи максимална заштеда на средствата. Од 1 јануари следната година сите ќе добиваат фактура истакната во две одделни сметки. Едната ќе се однесува на мрежарината и се плаќа директно на операторот на мрежата. Втората сметка е за потрошената електрична енергија и е издадена од снабдувачот, каде влегува и пазарнината кон МЕПСО.
„Ги повикуваме сите компании да одлучат кој ќе ги снабдува со електрична енергија бидејќи тоа е од нивен интерес. Изборот треба да се направи до 15 ноември оваа година. Ако не направат избор ќе бидат снабдувани во краен случај што значи ќе плаќаат поскапо од сегашната цена. Нашиот процес на давање на понуди е целосно транспарентен и секој што ќе побара понуда ќе види точно колку заштедува. Ние немаме скриени клаузули во договорот, тоа што компаниите го потпишуваат со нас, тоа и во реалност го добиваат. Затоа и досега 64% од нив ни дадоа комплетна доверба и задоволни се од промените, добиваат поевтина цена и целосна услуга од наша страна “, објаснува Анѓушев.
ЕДС е единствена македонска компанија којашто има развиена мрежа за снабдување со електрична енергија, лиценцирани брокери на берза за струја, како и директно снабдување на електрична енергија без посредник. Тоа ја прави компанијата единствена и по најдобрата понуда што ја има кон компаниите. Секоја компанија што сака да ги види условите на ЕДС, да се информира за процесот на либерализација, да достави податоци за да добие генерирана понуда со истакната заштеда може да ја посети интернет страницата www.eds.mk. Оваа интернет платформа има за цел да ја отвори двонасочна комуникација на оваа тема, нешто што не беше вообичаено досега за снабдувачите со струја.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа