Поволност за најверните симпатизери на РК Металург

 

Ракометниот првак на Македонија РК Металург реши да ги награди верните симпатизери, па оние кои минатата сезона имаа блок влезници за натпреварите од ракометната Лига на шампионите ќе имаат можност први да обезбедат билети за новат сезона почнувајќи од денеска.

Сите кои минатата сезона имаа блок влезници од денеска до сабота (10 до 13 септември) ќе можат да ги обноват во сите продажни салони на „Оне’’.

За сите останати продажбата на влезниците за новата сезона во Лигата на шампиони ќе започне од 17 септември.

Цените на блок влезниците за новата сезона во зависност од категоријата, односно местото на седење ќе изнесуваат од 950 до 2.000 денари и тоа прва категорија (Блок Б5 и Б11) - 950 денари, втора категорија (Блок Б2, Б4, М7, М8 и М9) - 1.350 денари, трета категорија (Блок М1, М15, Б3, Б12 и Б14) - 1.500 денари, и четврта категорија (Блок М2, М3, М4, М12, М13 и М14) - 2.000 денари.

Првиот натпревар во новата сезона од Лигата на шампионите, македонскиот првак Металург на домашен терен ќе го одигра на 28 септември кога во СЦ „Борис Трајковски’’ ќе гостува француската екипа П.С.Ж. 

10.09.2014 - 16:20
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега