Почина германски фудбалер откако го прифатил ледениот предизвик

 

Екс германски фудбалер почина од мозочен удар кој бил предизвикан од полеваењето со мраз студена вода. Станува збор за Штефан Клем (48) кој во минатото играше во пониските германски лиги. Тој на крајот на август се приклучил на студениот предизвик и се полеал со студена вода.

Тој се полеал со четири канти студена вода со цел собирање донации за лечење на болеста АЛС.

Потоа со денови се жалел дека не се чувстува добро.

- Штефан се жалеше на боли во вратот и во грбот. Не бевме загрижени, бидејчи тој често работи на компјутер – коментираа неговите пријатели.

Штефан бил пронајден мртов во неговата канцеларија и по обдукцијата се утврдило дека доживеал мозочен удар, а причината била полевање со студена вода.

11.09.2014 - 10:33
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега