За црковната венчавка Жељко и Јована ќе платат 25. 000 евра
Српската ѕвезда Жељко Јоксимовиќ и неговата сопруга Јована ги привршуваат подготовките за црковното венчавање која ќе се случи на 14. септември. На тој дена нема само да има венчавање туку и кршевка на својот син Коста кој има шесет месеци.
На прославата ќе присуствуваат над 200 гости, а ќе се одржи во еден од најелитните ресторани во Белград.
Дворот на ресторанот ќе биде посебно украсен. Свадбеното мени чини од 65 до 90 евра за лице. Само за ресторанот,младенците платиле 18 000 евра, но со дополнителните трошоци за облека, декорација и музика , српските медиуми пресметале дека ќе платат најмалку 25 000 евра.
На црковното венчавање Јована ќе носи бела венчаница.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа