Потпишани договори за изградба на регионален водоснабдителен систем со Кичево и Липково

 

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска потпиша договори за изградба на регионален водоснабдителен систем со општините Кичево и Липково, пренесуава МИА.

Договорот за Општина Кичево се однесува на делницата 2 која го опфаќа потегот од селото Коларе до селото Долно Строгомиште, а за Липково ги опфаќа крак 1 и крак 3.

- Oва е многу важен инфраструктурен проект со кој не само што ќе се подобри водоснабдувањето на жителите од овие општини, туку ќе се влијае и врз подобрувањето на заштитата на животната средина и здравјето на луѓето во овие региони, истакна министерот Нурхан Изаири, по денешното потпишување на договорите.

Изведувач на проектот за општина Кичево е компанијата „Исени компани“ ДОО од с. Стрелци, Осломеј, а за Липково „Вардар градба“ од Трубарево.

Вредноста на двата проекти е по 59 милиони денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на Република Македонија.

11.09.2014 - 15:01
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега