Македонските тенисери остварија победи на фјучрс турнирите
Македонските тенисери изборија пласман во четвртфиналето на фјучрс турнирите.
Димитар Грабул успеа во мечот од 2.коло на фјучрсот во Суботица да го совлада првиот носител Роман Јебави од Чешка со 2:0 во сетови. Двата сета Грабул ги доби со 6:3 во гемови.
Во дуелот на македонските тенисери на истиот турнир Томислав Јотовски се пласира во четвртфиналето откако Шендрит Деари го предаде мечот при резултат 6:2 во првиот сет и 4:1 во вториот сет за Јотовски.
Во четвртфиналето ќе играат Грабул против Јотовски што значи дека Македонија ќе има еден полуфиналист.
На фјучрсот во Софија за тенисерки Лина Ѓорческа се пласира во четвртфиналето откако ја победи Тереза Мрдежа од Хрватаска (6.носителка) со 2:0 во сетови (7:6 (7:5) и 7:5).
Таа утре во четвртфиналето ќе игра против Кристина Андреа Миту од Романија која со 7:5 и 6:1 ја победи Река-Лука Јани од Унгарија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа