Во Македонија, Црна Гора, Србија, Турција и Албанија ќе се зборува без роаминг!

 

На состанок одржан вчера во Скопје, регулаторите од Србија, Црна Гора, Македонија, Турција и Албанија, договорија дека во почетокот на наредната година, граѓаните од овие земји да ги изедначат цените не телефонските разговори во роамингот и домашниот сообраќај.

Со оваа спогодба не е потребна согласност од операторите, бидејќи договорено е земјите потписнички да ги дополнат своите закони за електронски комуникации.

Спогодбата е донесена од страна на иницијативите на Србија, Црна Гора и Македонија.

12.09.2014 - 09:40
Фото: 
дневник
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега