Статистика: Големо намалување на невработеноста во Македонија

 

Стапката на невработеност во второто тримесечје од годинава изнесува 28,2 проценти и бележи намалување во однос на 2013 година за осум проценти, а во однос на претходниот квартал за 2.75 проценти. Како што објавува Државниот завод за статистика, вкупниот број на работоспособно население во Македонија во вториот квартал изнесува 957.790 лица, од кои 270.325 се невработени, додека 687.465 се вработени лица.

Повеќе од половина од невработените односно 159.368 или 59 проценти се мажи, додека 110.957 или 41 процент се жени.

Стапката на активност во овој период е 57,3, стапката на вработеност 41,1, додека стапката на невработеност 28,2.

12.09.2014 - 12:57
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега