Во Македонија врие од туристи - најбројни Турците
Бројот на странските туристи кои ја посетиле Македонија во јули годинава бележи пораст од 9,9 проценти во однос на јули лани. Најбројни биле Турците, Србите, Холанѓаните, Полјаците и Грците.
Спред податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристи од Турција изнесува 6.913, од Србија 5.742, од Холандија 4.067, Полска 3.744 и од Грција 2.761.
Вкупниот број туристи во јули годинава е 107.231 и бележи пад за 3,9 проценти во однос на јули 2013 година. Во овој период остварени се 478.911 ноќевања, кои во споредба со јули лани бележат намалување од 7 отсто.
Бројот на домашните туристи во јули 2014 година, во однос на јули 2013 година, е намален за 14,1 отсто. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јули 2014 година, во однос на јули 2013 година, е намален за 10.8%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 4.8%.
Во периодот јануари - јули 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 3,1 отсто и тоа кај домашните туристи има намалување за 2,5 отсто, а кај странските има зголемување за 7,2 отсто.
Во периодот јануари - јули 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 0,7 отсто и тоа кај домашните туристи има намалување за 6 проценти, а кај странските има зголемување за 6,3 отсто.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа