Русија ја намали испораката на гас и за Романија

Рускиот конзорциум Газпром го намали за пет отсто извозот на гас за Романија без да ги информира властите во Букурешт, изјави романскиот министер за енергетика Рјазван Николеску.

– Протокот на природен гас од Русија за Романија е намален денеска за пет отсто во однос на планираното. Станува збор за мали количества. Не сме информирани официјално за причините за тоа намалување, изјави тој.

Романија искористува годишно околу 12,5 милијарди кубни метри природен гас. Произведува околу 11 милијарди кубни метри, а разликата се увезува од Русија преку фирми посредници по цени повисоки од оние на природниот гас од домашно производство. 

12.09.2014 - 15:28
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега