Статистика објави: Еве колкав е растот на БДП

 

Растот на БДП во вториот квартал од годинава е 4,3 отсто, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС). 
 
Зголемувањето, како  што рече денеска  на прес-конференција Верка Панова, раководител на секторот за национални сметки, се должи пред се на растот на личната потрошувачка.
 
Кај инвестициите пораст е евидентиран кај основните средства, но и кај залихите во индустријата. 
 
Мал пораст статистика регистрира и кај јавната потрошувачка, а зголемување бележат и увозот и извозот. 
 
Во првото тримесечје од 2014-та стапката на раст на БДП беше 3,9 отсто.
 
ДЗС денеска на прес-конференција ја промовираше и активноста по повод ревизијата на годишните податоци од националните сметки од 2000 до 2012 година што е дел од иплементацијата на новата методологија со Европскиот статистички систем ЕСС 2010. 

Како што информира Панова, ревизијата на Годишните податоци од 2000 до 2012 година вклучувала методологија базирана на нови, подобрени извори - исцрпни податоци од Управата за јавни приходи, Министерствто за финансии, од статистичките истражувања,... 

12.09.2014 - 16:23
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега