Србија со победата над Франција стигна до финалето на Светското кошаркарско првенство во Шпанија

 

Кошаркарската репрезентација на Србија се пласира во финалето на Светското првенство во Шпанија откако синоќа во полуфиналниот натпревар го победи европскиот првак Франција со 90:85.

Србите предводени од Милош Теодосиќ имаа предност во текот на целиот натпревар. На полувреме водеа со 14 поени разлика (46:32).

Французите во четвртиот период влегоа со 15 коша негатива, но со шутеви за три поени ја стопија предноста на Србија. На неколку секунди пред крајот се доближија на три коша разлика 88:85, но Бјелица, а потоа и Симоновиќ од слободни фрлања ја потврдија победата на Србија и пласманот во финалето каде ќе ги одмерат силите со актуелниот светки првак САД.

Најефикасен во српската селекција беше Теодосиќ со 24 поени, а кај Французите Батум со 35 коша.

Финалниот натпревар на Светското првенство меѓу САД и Србија се игра во Мадрид в недела од 21 часот.

 

13.09.2014 - 10:15


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега