Секоја чест: Кире Лазаров светски првак по трет пат!

 

Кирил Лазаров по трет пат по ред станува светски клупски првак во овој град на својот петти настап на светското клупско првенство. Овој трофеј е трет оваа сезона за само неполни три недели со Барселона, со која откако премина од Мадрид во Каталонија освои 8 трофеи за нешто повеќе од една година. Овој трофеј е 41 во кариерата на Кирил Лазаров.

Сите трофеи на Кирил Лазаров:

Освојувач на IHF Суперглоуб:
3 пати (1 со Атлетико Мадрид (Шпанија) и 2 со Барселона (Шпанија))

Национален првак: 15 пати
(2 со Пелистер (Македонија), 7 со Бадел 1862 Загреб (Кроација осигурување Загреб) (Хрватска), 5 со Фотекс Веспрем (Унгарија), 1 со Барселона (Шпанија)

Освојувач на националниот Куп: 16 пати
(2 со Пелистер (Македонија), 5 со Бадел 1862 Загреб (Кроација осигурување Загреб), 5 со Фотекс Веспрем (Унгарија), 3 со Сиудад Реал (Атлетико Мадрид) (Шпанија), 1 со Барселона))

Освојувач на АСОБАЛ Купот:
2 пати (1 со Атлетико Мадрид и 1 со Барселона (Шпанија))

Освојувач на АСОБАЛ Суперкупот:
4 пати (2 со Атлетико Мадрид (Реновалиа Сиудад Реал) и 2 со Барселона (Шпанија))

Освојувач на Каталонскиот Суперкуп:
1 пат (со Барселона)

 

13.09.2014 - 10:40


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега