Барса на колена пред Кире Лазаров

 

Капитенот на македонската ракометна репрезентација и член на Атлетико Мадрид, Кирил Лазаров постигна шест голови во вечерашната победа на неговиот тим против фаворизираната Барселона.

Во шпанското дерби со кое започна четвртфиналната рунда во Лига на шампиони Атлетико пред своите навивачи со 25:20 го совлада лутиот ривал и си обезбеди солидна предност за реваншот во Барселона.

Лазаров поради повреда на бутниот мускул не ги одигра последните десетина минути.

Македонскиот шампион Металург утре во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје од 17 часот ќе го пречека полскиот шампион Киелце, тим кој сезонава во групната фаза ги доби двата дуели со Металург.

Во останатите два утрешни натпревари од оваа фаза во Лигата на шампионите играат: Кил – Веспрем и Фленсбург – Хамбург

најчитано сега