Крадците и викендов направија „парче"

Крадците не мируваат ни овој викенд. Во полициската станица Матејче пријавени се две кражби извршени во семејните куќи на 31-годишниот Б.А. и 60-годишниот С.А. од селото Липково. Според податоците од полицијата, засега непознат сторител влегол во куќите и одзел разновиден златен накит во вкупна вредност од околу 953.250 денари.

Полицијата работи на случајот.

13.09.2014 - 13:55


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега