Се скарале за парцела - охриѓанец заврши во болница

35-годишниот А.Ѓ. од Охрид си го нападнал соседот за парцела. Охриѓанецот минатиот месец започнал расправија, а потоа и физички го нападнал 59-годишниот сосед С.К. кој е привремено вработен во САД.

Според податоците од полицијата, до недоразбирањето дошло кога охриѓанецот со овластени службени лица започнал мерење на парцелата која граничи со местото на А.Ѓ. Истиот, револтиран што соседот телефонски го известил дека ангажирал овластена агенција и дека ќе отпочне мерење на парцелата, пристигнал на местото каде требало да се врши мерењето и на соседот му упатил навредителни зборови а потоа со тупаница го удрил во пределот на левото око и левиот дел од главата.

Од ударот, С.К. паднал во бесознание по што веднаш бил префрлен во општата болница во Охрид, а по укажаната помош бил пуштен на домашно лекување.

13.09.2014 - 14:08


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега