Ја изневерил па го издала - еве како се дозна вистината за убиството на Лука

Марко Миличевиќ, убиецот на Лука кој го зави Балканот во црно верувале или не го издала една од девојките кои биле во автомобилот кобната вечер, бидејќи тој ја изневерил со друга девојка која исто така се нашла во автомобилот. Како што пренесува српскиот АЛо, се работи за Бојана Петровиќ која 33-годишниот убиец ја изневерил со Тамара Богдановиќ, поради што таа решила да ја каже вистината за грозоморното дело кое го направил. 

- Бојана беше во врска со Марко, но тој ја изневери со Тамара. Откако дозна што се случило таа ноќ и дека е изневерена, полуде па се решида му врати на Марко и да ја каже вистината, вели извор близок на истрагата за српскиот Ало.

За приказната да биде уште позаплеткана, убиецот бил во врска и со Дана, уште една од девојките кои кобната вечер кога беше убиен Лука додека туркаше автомобил, била заедно со убиецот и другите девојки.

За време на страотната несреќа во која згасна млад живот, сите во автомобилот на убиецот биле весели и пијани, а внатре како што изјавиле девојките ечела музика. Тоа се гледа и на снимката која ја направила Милица кога по грешка наместо да си направи селфи со мобилниот, притиснала погрешно, па се уклучила камерата и за момент снимила што се случува во автомобилот. Сепак, на снимката не се гледа и судирот кој ја расплака цела Србија.

Инаку, како што покажа обдукцијата, за жал на 21-годишниот Лука Јовановиќ му биле скршени двете нозе, а имал и тешки повреди на главата. На улицата имало траги, бидејќи убиецот се обидел да закочи, но откако не успеал, продолжил да вози како ништо да не се случило и го оставил младото момче беспомошно да лежи.

13.09.2014 - 14:27


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега