ВИДЕО: Страотна несреќа во Формула Е, за среќа возачот остана жив
Новото првенство Формула Е, во кое се натпреваруваат болиди на струја стартуваше во Пекинг. На премиерата се случи тешка несреќа во која учествуваше Ник Хајдфелд, поранешен возач во Формула 1.
-Само да ви јавам дека се е во ред. Добро сум, физички, но требаше да го освојам првото место. Сега немам ништо, напиша 37 - годишниот Ник Хајдфелд на својот Твитер профил по трката.
Несреќата се случи во последниот круг од трката, кога Николас Прост го закачи Хајдфелд, кој за среќа помина со полесни повреди.
Инаку, Формула Е е ново првенство од серијата на болиди со електричен погон. Премиерата се случи во Пекинг, а победи Бразилецот Лукас ди Гарсија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа