ВНИМАВАЈТЕ: Уште еден бран на невремето ноќеска

Променливото и нестабилно време се очекува да продолжи во вечерните и ноќните часови, кога ќе има повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер

Како што се наведува, нестабилната облачна маса, која претходно беше над Скопската котлина, сега е над подрачјето на Свети Николе и Велешкиот регион. Според информациите од радарскиот центар Ѓуриште, тука има невреме со силни електрични празнења, интензивен пороен дожд, силен ветер, а можна е и локална појава на град.

Оваа облачна маса, според УХМР, има правец на движење кон околината на Штип.

 

13.09.2014 - 21:06


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега