Од забава заминал во смрт - трагедија го зави Штип во црно

Во петокот вечерта Штип го потресе голема трагедија, во која несреќно загина 26-годишниот М.С. Трагедијата се случила по пијанка со друштвото, во која сите се напиле и заспале, по што 26 годишниот М.С не се разбудил.

Како што пренесува ТВ Стар, момчето со друштво во стан во зграда во населбата „8 Ноември” се забавувале до раните утрински часови, а потоа заспале. М.С. обилно повратил од што и се задушил. За жал никој од пријателите во собата не се разбудиле и не успеале да му помогнат.

Младиот Мишко бил погребан вчера.

14.09.2014 - 10:08


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа