Груевски: Инвестираме во крупни инфраструктурни проекти
Главните капитални проекти се во делот железничката и патната инфраструктура, истакна премиерот Никола Груевски во вестите на Сител, додавајќи дека стапката на капитални проекти е зголемена и таа изнесува над 21 милијарда денари.
- Градиме три автопати во земјата, тоа никогаш порано не се случило во исто време да се градат три автопати, околу 4,7 милјарди денари ќе бидат инвестирани во делот на железничката инфраструктура, Тоа е железница кон Бугарија, односно првата фаза, а очекуваме да започе и втората фаза тоа е од Бељаковце до Крива Паланка, како и реконструкцијата на Коридорот 10 која е во тек и треба да приврши некаде во 15-та, како и патната инфраструктура во која се насичени огромни средства, рече Груевски.
Покрај автопатите, нагласи тој, се инвестира и во регионалните патишта, односно во реконструкции и реконструкции со проширувања, како и градење на нови регионални и огромен број на локални патишта.
Во најголем дел станува збор за сето она што сме го ветиле во програмата и во најголем дел околу 80-90 отсто успеваме да го исполниме тоа што сме го ветиле, а понекогаш и нешто повеќе, нагласи Груевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа