Четири странски компании имаат одлука да инвестираат во Македонија
Четири странски компании веќе ги потврдиле инвестициите во Македонија, една од нив е германска компанија која ќе биде сместена во зоната Скопје 2 која ќе инвестира во електрични уреди и ќе отвори 500 нови работни места.
Оваа го истакна премиерот Никола Груевски, кој додаде дека истата компанија бара голем број на стручни кадри.
-Во разговори сме со голем број компании, четири од нив, како што објавив пред неколку дена веќе имаат потврдено, со поголем број од нив сме веќе во финале, со некои сме на средина на разговорите а со некои сме на самите почетоци, а со некои сега се трудиме да воспоставиме контакт, посочи тој при вчерашното гостување во дневникот на Сител.
Втората инвестиција е од американска компанија која има околу 3.000 вработени и сака да инвестира во зоната Скопје 1 и ќе отвори околу 420 нови вработувања до крајот на 2016 година.
Третата компанија, рече Груевски, е од прехранбената индустрија и е од Турција и истите ќе го градат својот капацитет на површина од 20.000 метри квадратни.
-И четвртата инвестиција доаѓа од Америка и за почеток ќе вработи 300 луѓе а понатаму вработувањата ќе достигнат и до 1.000 и бараат луѓе кои познават странски јазици, наглсаи премиерот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа