Обид за убиство во Охрид

29-годишниот Ј.Н. од Охрид си заработи кривична за убиство во обид. Тој на четиринаесетти овој месец, без никаков повод и причина физички го нападнал З.П. вработен како чувар во јавното претпријатие „Проаква“ удирајќи го со камен во пределот на главата и лицето. Откако З.П. паднал на земја, насилникот извадил нож и му нанел убодна рана на лицето по што избегал оставајќи го тешко повредениот немоќно да лежи на земја.

Настанот се случил околу 12 часот и 15 минути пред чуварската барака на јавното претпријатие „Проаква“ на улицата „Сирма војвода“ во Охрид во момент кога З.П. извршувал одредени работни задачи. Истиот, иако тешко повреден успеал од својот мобилен телефон да се јави во СВР Охрид и да го пријави нападот.

На местото на настанот извршен е криминалистичко-технички увид при што пронајден е каменот и ножот со скршено сечиво како и други предмети кои се испратени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.  

15.09.2014 - 12:01
Фото: 
пулс24


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега