31-годишна жена се бори за живот, 4 деца се тешко повредени

 

Триесет и едно годишна жена се бори за живот, а петмина се тешко повредени, од кои четири се деца,  во страотната сообраќајна несреќа која денска околу 14 часот се случи на автопатот Скопје – Велес во близина на Катланово.

До несреќата дошло при директен судир на автомобил марка „голф“ со косовски регистерски таблички, кој возејќи во обратна насока по автопатот се судрил со „мерцедес“ со велешки таблици.

Во мерцедесот патувало четиричлено семејство од Куманово, со две деца,  кои исто така се во тешка здравствена состојба.

Два деца се наоѓале и во голфот со регистерски таблички од Урошевац, Косово, кои заедно со нивната мајка кои се префрлени во скопските клиники.

Здравствената состојба на 31-годишната жена, која била примена на скопските клиники во кома, е неизвесна. Во автомобилот со неа освен двете деца бил и нејзиниот сопруг кој во моментот се наоѓа на Ургентно со повреди го градниот кош.

Во Ургентната клиника се наоѓа и 7-годишното дете од Кавадарци.

Сите седумина повредени прво биле однесени во велешката клиника, но поради сериозноста на повредите се префрлени на скопските клиники.

15.09.2014 - 19:51


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега