Гостивар: Тинејџерка со своето момче направила милионски грабеж во куќата на нејзиниот чичко
Полицијата расветли кражба на злато вредна над 70 илјади евра што се случи на почетокот на месецов во куќа на 54 годишен жител на гостиварско Чајле. Крадци биле неговата 18 годишна внука и нејзиното момче.
18 годишната девојка која заедно со нејзиното момче украле златен накит вреден над 70 илјади евра (повеќе од 4,3 милиони денари), од вчера се во притвор. Со тоа најверојатно пропаднала нивната замисла за брзо богатење и уживање од украденото. Инаку, двајцата кражбата ја извршиле додека во куќата на стрикото немало никого на 4 септември. Знаеле каде се крие златото.
Тие во попладневните часови со возило пристигнале пред куќата во која во моментот немало никој и влегле низ незаклучената врата. Златниот накит го нашле во регал во спалната соба, го зеле и заминале.
Но само по десетина дена полицијата успеала да открие дека 18 годишната внука и нејзиното момче со иницијали А.И од Чегране, се крадците.
Домот на чегранецот бил претресен со наредба на судија во претходна постапка при што накитот бил пронајден во дворот сокриен под дрво и покриен со лисја и сено.
По приведувањето и распитувањето, двајцата осомничени добиле и притвор од 48 часа.
15.09.2014 - 20:35
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа