Во несреќен случај загина рибар од Куманово
Кумановецот И.С (1965) денеска попладне бил пронајден мртов на брегот на реката Кумановка, односно на улицата „Доне Божинов“.
Според првичните информации на МВР, 49-годишниот И.С ловејќи риба со трската закачил во електрична жица и починал од струен удар.
Дополнителни информации за овој случај МВР најавува за утрешниот ден.
15.09.2014 - 20:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа