Каратистот Иво Цветсковски освои сребрен медал на Медитеранското првенство во Бар
Каратистот на Металург Иво Цветковски о донесе сребрениот медал од медитеранското првенство кое годинава се одржа во Бар, Црна Гора. На превенството кое заврши вчера, учество земаа повеќе од 20 држави а за Цветсковски беше силен тест пред светското првенство кое во ноември ќе се одржи во Бремен, Германија.
“Задоволен сум од прикажаното и се надевам на уште поголеми успеси на првенствата што следат. Ќе учествувам на две силни натпреварувања во Германија и Австрија, а пред светското во Бремен, ќе земам учество и на балканскиот шампионат. Ќе дадам се од сеbе, нашата држава да ја претставам во најдобро светло, бидејќи каратето е еден од најуспешните спортови во нашата земја“ - вели Цветковски.
Цветковски вопрвото коло го победи натпреварувачот на Хрватска со 3:2, во второто беше подобар од кипарскиот претставник со 2:0, а полуфиналниот меч го доби совладувајќи го турскиот репрезентативец со 1:0.
Во финалето беше поразен од претставникот на Египет со 7:2
Тој е еден од најдобрите каратисти кои се натпреваруваатво категоријата до 75 килограми
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа