Кризата "удри" и по продавниците во Грција

Во период од само три години во Грција се затворени дури 3.660 малопродажни продавници за храна. Се работи за периодот од 2010 до 2013 година. Кризата најмногу ги погоди традиционалните продавници како што се независни месарници, бакалниците и мини маркетите, кои не можат да понудат исти попусти како големите синџири на супермаркети, покажа истражување што го спроведе меѓународниот институт ИРИ, јави дописникот на МИА од Атина. Податоците од истражувањето на ИРИ покажуваат дека додека во 2010 година во Грција имало 16.207 мали продавници за храна, овој број се намалил на 12.547 во 2013 година, што значи дека една петина затвориле. Економската криза ја забрза концентрација во маркетите од големите синџири. Трендот на купување свежо месо, зеленчук и риба од супермаркетите, а не од локалните продавници, претежно за да се заштеди време, многу зајакна за време на кризата. Овој пат главниот мотив се пониските цени кои супермаркетите беа во можност да понудат. Трендот на концентрација на се под еден покрив ги врати Хипермаркетите се се повеќе во мода поради можнодста се да се купи на едно место, особено кога се работи за продавници кои покриваат површина од над 2.500 метри квадратни, соопшти ИРИ. Во 2013 година нивниот број се зголеми на 58 од 56 во 2012 година.

 

16.09.2014 - 09:09


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега