Државна каса за посилна економија
Буџетот за 2015 година е развоен, а доказ за тоа се одвоените 340 милиони евра за капитални инвестиции насочени во патната, железничката, комуналната инфраструктура, образованието. Ова е коментарот на дел од бизнис заедницата и експертите кои ги консултираше Лидер. Освен од државната каса, за инфраструктурата ќе се издвојуваат пари и од јавните и државните претпријатија за изградбата на повеќе автопатишта. Сето ова ќе даде дополнителен импулс на градежништвото, велат бизнисмените од овој сектор.
“Можам да констатирам дека имаме континуитет со инфраструктурни проекти и сметаме дека македонските компании и градежниот сектор воопшто ќе остане да биде двигател на македонската економија и во наредната година“. Имаме проекти и во делот на гасификацијата и во делот на нови здравствени установи, спортски сали, реконструкција и изградба на локални, регионални и магистрални патишта. Тоа се остварува и влева оптимизам дека и натаму ќе бидат убави времиња за градежниот сектор“ вели Сеад Кочан, Комора за градежништво при ССК.
Дел од бизнисмените со позитивни оценки за државната каса. Според нив, продолжувањето на владините политики за инвестиции во инфраструктурата и натаму ќе генерира раст, а дополнителен стимул ќе биде и личната потрошувачка поради зголемувањето на платите на административците, примањата на пензионерите и субвенциите на земјоделците.
„Буџетот има развојна компонента, а 4 % е многу реално остварливо. Заедно со Владата со дополнителни мерки и политики, но и самото стопанство сметам дека оваа бројка е остварлива. Целиот овој склоп на активности сметаме дека позитивно ќе влијае на економската состојба во земјата, односно на стопанството. Исто така значаен фактор е што се издвоени и 140 милиони евра субвенции за поддршка на земјоделскиот сектор”, рече Митко Алексов, извршен директор на Сокузот на сопански комори.
“Над две милијарди денари се планирани и за инвестиции во земјоделието, односно во изградба на хидроситеми и на други проекти предвидени во програмата за рурален развој. На тој начин , земјоделието се доведува поблиску до стандардите на ЕУ. Доста сектори се опфатени во делот на капиталните расходи, ќе биде година со многу инвестиции кои што треба да влијаат на растот од четири проценти. Доста пари од буџетот за 2015 година, се предвидени и за здравствениот сектор. Пред се за градба на новиот клинички центар, градба на болниците во Штип, Кичево, купување на опрема и плаќање на онаа што досега е набавена, ПЕТ центарот исто така. Околу две милијарди денари, се ставаат и за капитални инвестиции во образованието, односно за градби на нови училишта и градински, обнова и реконструкција на постојните, реконструкција на студентските домови и на универзитетите, како што е реконструкцијата на универзитетот Св. Апостол Павле во Охрид“ изјави премиерот Никола Груевски.
Очекувам РМ и натаму да остане земја со макроекономска и фискална стабилност, да останеме на трендот на зголемување на економската активност кој што е поддржан и во делот на инвестициите и во делот на потрошувачката преку овие политики за зголемување на плати, пензии и социјална помош и инвестиции, како и другите проекти содржани во буџетот. Ќе го задржиме сегашното умерено ниво на задолженост, што не става меѓу најмалку задолжените земји во Европа, изјави вицепремиерот Ставрески.
Ставрески посочи дека финансирањето на буџетските потреби за следната година е обезедено преку еврообрзницата, која Македонија навреме ја издаде и со која ќе се отплатат и странските кредити и остнатите обврски. Не се предвидува ново домашно задолжување, само ќе има рефинансирање на веќе издадените хартии од вредност.
Новиот буџет веќе е доставен до Собранието.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа