Статистика: Намален прометот во трговијата на мало

 

Во трговијата на мало во јули годинава година, во споредба  со јули лани гледано по групи и класи, е евидентирано намалување на прометот, објави денеска Државниот завод за статистика.

Намалување на прометот е забележано во групите „трговија на мало со храна, пијалаци и тутун“ (номинално за 10 проценти, а реално за 9 проценти), а во „трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво“ (номинално за 0,6 проценти, а реално за 11,2 проценти).

Во трговијата на мало, освен трговија со горива е евидентирано намалување  (номинално за 5,4 проценти, а реално за 5,3 проценти), а во трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 7 проценти, а реално за 9,3 проценти), говорат податоците на Статистика.

16.09.2014 - 15:42


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега