Пазарната инспекција направи парче: Повеќе од 400 контроли дненво - еве ги казните

 

Во периодот од 09.09 – 12.09.2014 год, од страна на Државниот пазарен инспекторат- извршени се вкупно 1215 надзорни контроли, од кои: кај 382 субјекти е извршена контрола според Законот за трговија, кај 122 субјекти според Законот за угостителска дејност, кај 501 субјекти според Закон за заштита од пушење, кај 61субјекти според Законот за занаетчиска дејност,кај 31 субјекти според Законот за заштита на потрошувачи, кај 45 субјекти според Закон за метерлогија,кај 20 субјекти според Законот за безбедност на производи, кај 17 субјекти според Закон за трговски друштва, кај 32 субјекти според Закон за туристичка дејност,кај 2 субјекти според Законот за индустриска сопственост,кај 2 субјекти според Законот за возила .

Одделение Тетово на едно физичко лице, нерегистрирано во соодветен регистар ,издадло платен налог од 30.700,00 ден, со порамнување, кај еден субјект издадало налог во износ од 30.700,00 ден, поради користење на несертифицирано мерило и кај еден субјект спровело едукација за не пријавување на работното време.
Одделение Куманово извршило
-1(една) едукација по Закон за трговија
-1(една) едукација по Закон за вршење на занаетчиска дејност
Издадени се 3 платни налози :
-3 по Закон за трговија во износ од 61.380, оо денари , една е наплатена во износ од 12.300,оо денари.
Идадено е
-1 решение за забрана на дејност, 15 (дена) по Закон за трговски друштва, врши дејност без упис во централен регистар.
Одделение Струмица издало 3 платни налози
-1 по Закон за Метрологија (нежигосано мерило),
-1 по Зак.за трговија (продажба на алкохол без лиценца
Изречена е 1 мандатна казна во висина од 600 евра (500 + 100) во денари (нема МТУ).
Спроведени се 2 едукации по зак. За трговија (нема потврда за пријава за работно време).
Одделение Битола издало 2 платни налози по законот за пушење во износ од 153.750 ден.
Одделение Штип издало 2 платни налози по Законот за трговски друштва во противредност на 500 евра и платниот налог по Законот за угостителска дејност за правно лице 1200 евра и 500 евра за одговорното лице
Одделение Струга изрекло вкупно 9 мандатни казни од 168.480 денари по законот за трговија, една издадена, четири едукации по Закон за угостителска дејнот, и една едукација по Закон за трговија
Одделение Охрид
-издадено е 1 мандатна казна во вредност од 30750 денари според Законот за метрологија
-издадено е 1 мандатна казна во вредност од 36900 денари по Закон за трговија
-издадено е 1 мандатна казна во вредност од 153750 денари по Закон за заштита од пушење
-наплатена е глоба во вредност од 12300 денари по Закон за трговија
-поднесено е едно барање за поведување на прекршочна постапка по Закон за трговија
Одделение Скопје во соработка со Комуналните инспекции на Град Скопје и Општина Чаир со асистенција на МВР спроведе акција за одстранување на дивите продавачи од Бит-пазар. Од страна на ДПИ спроведени се 10 инспекциски надзори кај физички нерегистрирани лица и кај едно правно лице,изречена е глоба во вкупна вредност од 2000 евра , целата роба е одземена и предадена во Агенцијата за управување со одземен имот

17.09.2014 - 11:40


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега