„Парго“ на Катарина Ивановска достапен за сите

Дизајните изработени од Катарина Ивановска претопени во модната колекција со заштитен знак „Парго“, веќе се достапни за младите девојки и жени.

-„Парго“ претставува спој помеѓу модерното и класичното и оваа колекција се наметнува како модна линија за секоја сезона, подобна за следбениците на убавината и модата. Издвојувајќи се од конкурентите по градското и урбаното, едноставен и истовремено со „cool“ стил, „Парго“ покажува дека е бренд близок до потрошувачите и следбеник на светските модни трендови, изјави модниот креатор Христина Деспотовска, пренесе Курир.

Продажниот салон се наоѓа веднаш зас „Броз кафе“.

17.09.2014 - 15:27


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега