Македонија е најниско задолжена дури и со постога методологија

Поради погрешната слика која се создава во јавноста, а за која беше искористен Законот за јавен долг кој помина вчера на Собрание, Министерството за финансии се чуствува должно правилно да ги информира граѓаните за што станува збор.

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на МФ

Измените на Законот за јавен долг се во насока на усогласување на методологијата со онаа која се користи во европските земји и која ја користи Меѓународниот монетарен фонд. Попрецизно, бидејќи некои во јавноста толкуваа дека се бришат дел од долговите на државата, би сакале да истакнеме дека никаде долгот на монетарната власт, односно на централната банка – чие исклучување се наведуваше како спорно не се калкулира во долгот на државата.

 За нијанса Законот за јавен долг кај нас е дури построг во однос на оние кои се практикуваат во Европа, оти во него ние го калкулираме долгот и на државните претпријатија кои се пазарно ориентирани (како Електрани на Македонија, МЕПСО и МБПР на пример), што не е случај со европските земји, односно тие го изоставуваат.

Заклучок, дури и со построга методолгоија, Македонија во споредба со европските земји е меѓу најниско задолжените. Тоа е факт кој секој може да го провери согласно податоците кои се достапни на домашната статистика и европската статистика Евростат.

17.09.2014 - 16:28


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега