Се огласи семејството на исчезнатата прилепчанка

Дел од медиумите денес објавија дека исчезната 23 годишна Македонка, Дениса Маркоска се самоубила, скокајќи од палубата на брод.

Во изјава за порталот Бриф, семејството ги замоли медиумите ако може да помогнат во нејзиното пронаоѓање, но без да шират шпекулации.

- Ги молиме медиумите да не шпекулираат и да не пишуваат сензационалистички информации. Вистината е дека не се знае што се случило со Дениса. Грчката полиција на Крит случајот го води како исчезната. Ние бараме одговори и вистина. Единствена вистина во моментов е дека Дениса е исчезната од брод во движење, а истрагата е спроведена со многу пропусти и недоследности. Новинари, ве молиме известувајте точно, барајте одговори од институциите…помогнете ни, наместо да ни ја зголемувате болката. Известете ги вашите колеги новинари во Грција и Русија…барајте одговори…престанете со сензационализам и шпекулации- вели семејството на исчезнатата Дениса за Бриф.

17.09.2014 - 17:10


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега