Еве кои скопски населби утре ќе останат без струја

Без струја утре од 9 до 13 часот ќе останат дел од корисниците од улиците „Његошева“, „Софиска“, „Копенхагенска“, „Столколмска“, „Бриселска“, и „Петар Драганов“ во општина Карпош.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, без електрична енергија од 9 до 15 часот ќе останат корисниците од улиците бр:„1“, „2“, „3“, „4“ и „5“ во село Грчец, во периодот од 9 до 13 часот, дел од корисниците од  улица „Андон Дуков“ во општина Аеродром, од 9 до 14 часот дел од корисниците од село Мирковци и од 9 до 14 часот и 30 минути корисниците од улиците „Кирил Манчев“, „Ѓорѓи Костовски“, „Хо Ши Мин“, „Натаниел Кучевишки“ и улиците „Краишка“ и „Маркирање“ во општина Бутел.

17.09.2014 - 17:24


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега