Времето утре променливо облачно со повремен дожд

Времето во Македонија утре претпладне ќе биде променливо облачно, а во јужните делови со повремен локален дожд и ретки грмежи. Во текот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Температурата ќе се движи од 17 до 25 степени.

Во Скопје и околината претпладне ќе биде променливо облачно, а во текот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Температурата ќе достигне до 25 степени.

За време на викендот и во понеделник во попладневните часови ќе има услови за краткотраен локален дожд и грмежи.

17.09.2014 - 17:30


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега