Таткото на Дениса: Ми го вратија нејзиниот куфер заедно со подароците што ни ги купувала

Таткото на 23-годишната Дениса Маркоска, која во петокот исчезнала на брод во Грција, Кире Маркоски сериозно вознемирен бара да се реши случајот, пренесува Утрински весник.

denissa

- Ми јави пред два дена капетанот на бродот дека ќерка ми исчезнала, веднаш пријавив во полиција, но од тогаш до денеска ништо не е преземено. Барам државата да се вклучи и да се пронајде ќерка ми – вели Маркоски.

Колега на Дениса, вчеравечер, му ги предал на семејството нејзините лични работи, куферот, многубројни подароци, кои таа ги купувала во овој период додека работела на брод.

-Последен пат ја видел еден од колегите, на задниот дел од бродот, на палубата таа пушела цигара, тоа било во 3.00 часот, а таа веќе во 5.30 часот требало да биде на работно место. Но, до тогаш никој не ја видел, а телефоно и е пронајден на палубата на бродот. Работеше на овој брод две години, на истиот брод беше и брат и, па по него и таа почна да работи. Сите ги познаваше, беше безбедно, затоа е чудно за сите што се случи со ќерка ми, раскажува нејзиниот татко Кире за Утрински весник.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ФОТО: Со овие луѓе исчезнатата прилепчанка работела на бродот

Сите Македонци се држеа заедно Дениса никој не ја видел- нови детали за исчезнатата прилепчанка

ГАЛЕРИЈА: Вака изгледал бродот на кој работела исчезнатата прилепчанка Дениса

Семејството ја бара веќе 4 дена: 23 годишна Македонка отишла да работи на брод и исчезнала

Прилепчанката Дениса се фрлила од палубата на бродот на кој работела?

 

17.09.2014 - 20:22


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега