Нема да може да конуминицираме неколку дена - Последната порака на исчезнатата Дениса

Родителите на исчезнатата Дениса Маркоска (23) последната информација за неа ја имале пред неколку дена откако биле извесетени дека Дениса ја нема на бродот од фирмата ,,Волгобрил,, на кој работела по втор пат. На бродот годинава се качила во јануари.

Нова Македонија стапи во контакт со таткото на девојката кој за весникот вели дека последниот контакт со Дениса им бил за нејзиниот роденден на седми септември на Фејсбук кога и го честитале роденденот.  Ден пред исчезнувањето напишала куса порака дека не ќе можат извесен период да комуницираат.  Тие очекуваат информации каде е нивната ќерка.

Во меѓувреме ги добиле нејзините лични работи од колега кој работел со неа на брод. Кога се јавувале на бродот овие денови ја добивале постојано истата порака од капетанот, дека е исчезната, а каде не знаат.

Девојката од бродот исчезнала на 12 септември утрото, додека пловел околу Крит. За исчезнувањето известен е и Интерпол, кој  трага по Дениса.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таткото на Дениса: Ми го вратија нејзиниот куфер заедно со подароците што ни ги купувала

ФОТО: Со овие луѓе исчезнатата прилепчанка работела на бродот

Сите Македонци се држеа заедно Дениса никој не ја видел- нови детали за исчезнатата прилепчанка

ГАЛЕРИЈА: Вака изгледал бродот на кој работела исчезнатата прилепчанка Дениса

Семејството ја бара веќе 4 дена: 23 годишна Македонка отишла да работи на брод и исчезнала

Прилепчанката Дениса се фрлила од палубата на бродот на кој работела?

17.09.2014 - 20:33


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега