Тодоров: Инсулинска криза нема - инсулин добива секој што ќе побара

Не станува збор за никаква инсулинска криза. Во Македонија има инсулин доволно за сите инсулино зависни лица. Станува збор за криза која сакаат да ја предизвикаат оние кои што секоја година практично ги добиваат тендерите, вели министерот за дравство Никола Тодров во гостувањето во Дневникот 2 на МРТ.

todorov

Тодоров потенцира дека сака за јавноста да биде јасно дека станува збор за бизнис вреден 25 милиони евра, една ипол милијарда денари, тоа се една ипол милијарда причини или 25 милиони причини за целата оваа хајка која се води, потенцираше министерот.  

Прво пробаа со манипулации, со лаги дека пациентите кои преминуваат од еден на друг тип инсулин ќе бидат загрозени во поглед на нивното здравје или нивното здравје ќе биде загрозено.

-Кога врвните авторитети од областа на дијабетисот во Република Македонија, докторите, тоа го демантираат, сега одат на друга стратегија дека наводно тендерот е наместен  или дека има некој криминал итн. Ниту тендерот е наместен, ниту се загрозува здравјето и животот на населението. Има доволно инсулин за секој оној на кој му е потребен . Секој оној кој што прима инсулин, инсулинот го добива. Тоа може да го проверите секој ден на шалтерите на аптеките за дијабет низ целата Република Македонија. Ќе видите дека секој оној кој ќе дојде и ќе побара инсулин, инсулин добва, вели Тодоров.

Министерот потенцира дека станува збор за намерно извртување на фактите, манипулиррање со фактите со цел да се задржи овој бизнис од 25 милиони евра. Тоа, како што нагласува Тодоров е основната причина. 

17.09.2014 - 21:20


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега