Успешно одбележан светскиот ден на првата помош

Изминатиов викенд пред ТЦ „Бисер“ Црвениот крст на Република Македонија во соработка со Општина Аеродром и Министерството за внатрешни работи, организира манифестација за одбележување на Светскиот ден на првата помош.

Целата манифестација беше проследена од многу учесници, како и случајни минувачи, а екипите на првата помош претставуваа реалистични повреди, како и начините на укажување помош при некоја незгода.

Исто така, полицијата за време на акцијата ги запираше возилата кои во тој момент поминуваа на булеварот „Јане Сандански“ и на возачите им беа презентирани повреди и укажување прва помош на повредените.

18.09.2014 - 11:14


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега