Откриени ниви со марихуана во Тетово

 

Полицијата вчера открила  3.230 стебла „канабис сатива“ на пет различни парцели во атарите тетовските села Непроштено и Лешок. Икорнатите стебла биле со големина од половина до два и пол метри.

Две од парцелите биле дополнително откриени при преглед на поширокото подрачје бидејќи тие биле земјоделски обработувани и засадени со пченка. 

- Во координација со јавен обвинител, пронајдените стебла „канабис сатива“ се подигнати и донесени  во Секторот за внатрешни работи Тетово додека дел од нив ќе бидат испратени на вештачење. Се превземаат активности за утврдување кои се сопствениците или закупците на двете обработувани парцели, но и кога и како изникнале пронајдените стебла на другите три парцели, изјави Јосифовски. 

18.09.2014 - 11:32


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега