Куферите на Дениса полни со подароци пристигнаа во Прилеп

Куферите на исчезнатата прилепачнка Дениса Маркоска, заедно со личните работи и подароците за најблиските вчера доцна вечерта пристигнале во Прилеп.
Нејзин колега им ги предал на семејството.  Им кажал дека последен пат ја видел на задната палуба на бродот околу 3 част по полноќ, два ипол часа пред стартот на нејзиното работно време. Што потоа се случувало со Дениса никој не знае. Нејзиниот телефон бил пронајден на бродската палуба.

Дениса на бродот кој пловел под руско знаме работела 2 години.
Нејзиниот татко Кире преку медиумие апелира да се расчисти случајот со неговата ќерка. Тој обвинува дека институциите во Грција од самиот старт истрагата ја воделе неодговорно.

 

 

18.09.2014 - 13:05


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега