Трпески за РСМ: Катастарот ќе стане берза на недвижности

Од 1 јануари наредната година катастарот ќе функционира и како берза на недвижнини. Сите информации за движење на цената на становите,  ѓраѓаните ќе ги добиваат од едно место, информираше директорот на Катастар, Славче Трпески во емисијата Бројки на РСМ.

-Со оглед на тоа дека Катастарот веќе е мрежно поврзан со нотарите и проценителите , во секое време граѓаните и фирмите ќе се имаат пристап до податоците – колку изнесува просечната цена во одредена локација, колку е најниската цена за метар квадратен во одредена зграда, од каков материјал е направена, дали зградата има пристап до парно греење или гасификацијата, која се очекува да  се изгради, струја и вода. Исто така, ќе се добиваат и информации – доколку  се работи  за постар објект – како се движела цената претходно, дали има имотен лист, рече Трпески.

Со берзата на недвижнини  ќе бидат опфатени и деловните објекти, значи во секое време ќе се добиваат информации колку изнесува цената за метар квадратен во одреден трговски објект  и како се движат цените на канцалариските објекти  низ цела Македонија

18.09.2014 - 13:53


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега