Косовскиот парламент не успеа да избере претседател

Во продолжение од конститутивната седница на косовскиот Парламент денеска не се избрани претседател и тројца потпретседатели на законодавниот дом.

На седницата присуствувале 116 од вкупно 120 пратеника.

Пратеникот на Демократската партија на Косово, Хајредин Кучи го предложил за претседател на Парламентот професорот Арсим Бајрами, за кого гласале 44 пратеници, против биле 61, а 11 се изјасниле како воздржани.

По гласањето, претседавачот Флора Бровина соопштила дека предлогот на ДПК не бил прифатен, додавајќи дека пратениците ќе бидат дополнително известени за одржувањето на нова седница, на која би требало да бидат избрани претседател и потпретседатели на косовскиот Парламент. 

18.09.2014 - 13:57


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега