ЕБОР: Македонската економија со раст од три отсто
Македонија и Косово во оваа и во наредната 2015 година ќе забележат најголем економски раст меѓу земјите во регионот, се вели во најновиот извештај на Европската банка за обнова и развој за економијата во Југоисточна Европа.
Македонската економија годинава ќе порасне за три проценти, а толкав раст се очекува и во наредната 2015. Поголем раст ќе има само Косово од 3,5 отсто.
ЕБОР ги ревидира проекциите за растот на БДП на повеќето земји во регионот. Србија и Хрватска годинава ќе бидат во рецесија од -0,5 отсто, Босна и Херцеговина наместо претходно прогнозираните 1,8 ќе има раст од 0,2 отсто, проекцијата за Бугарија е намалена од 1,9 на 1,5, а Албанија и Цна Гора ќе забележат раст од 1,7 односно три отсто.
За целиот регион банката ја ревидира проекцијата од 2,2 на 1,9 отсто.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа